Пребарувај по датум:
2023-05-04

Обука за ментори за вработување за лица од меѓународна заштита

Во изминатиот месец Црвен крст на град Скопје спроведе обука за ментори за вработување за лица под меѓунаордна заштита. Волонтери и дел од стручната служба на Црвен крст на град Скопје имаа можност да се стекнат со сертификат за завршена обука за ментори која даде јасни насоки и алатки за водење на лицата под меѓународна заштита во процесот на подготовка и процес на вработување. Поддршка во обуката дадоа експерти од областа на кариерно советување, Заводот за социјални дејности и Агенцијата за вработување.

Оваа активност  е дел од сет активност за поддршка во процес на интеграција поддржани од страна на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.