Обука за користење на наменски возила
На ден 23 февруари во рамките на проектот ,,Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во Црвениот крст на РСМ,, поддржан од Австриската Агенција за развој, Австриски Црвен крст и Швајцарски Црвен крст, беше спроведена обука за користење на наменските возила наменети за обезбедување на транспорт на лица кои според здравствената состојба не се наоѓаат во животозагрозувачки ситуации.
Обуката беше составена од теоретски дел на кој беа преставени начините на кои вработени за оваа услуга ќе воспостават комуникација со корисници. Практичниот дел на обуката беше насочен кон правилна употреба на медицинска количка, носилка, и давање на поддршка и помош на лицата – корисници од постарата категорија на граѓани.
Обуката беше спроведена од страна на претставникот од Австрискиот Црвен крст, Кристијан Диемт со поддршка на вработените лица на проектниот тим при Црвен крст на РСМ и Црвен крст на град Скопје.