2024-12-28
Обука за интеркултурна медијација
На 19.12.2024 и 20.12.2024 Црвениот крст на град Скопје во соработка со Заводот за Социјални Дејности реализираше обука за интеркултурна медијација наменета за 17 волонтери. Дводневната обука вклучуваше обработка на темите: стереотипи и предрасуди, идентитет, култура, ефективна комуникација, емпатија и културолошки разлики. По завршување на обуката се формираше дата база на волонтери кои по потреба би биле вклучени во активности во програмата за интеграција на лица под меѓународна заштита при Црвениот крст на град Скопје. Покрај истакнати волонтери од повеќе Општински Организации на Црвениот крст, во обуката учество земаа и ученици од Американската Гимназија Скопје.