Пребарувај по датум:
2023-07-06

Обука за детекција на рани когнитивни промени и деменција

Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвениот крст на 01.07.2023 реализираше обука на тема: Детекција на рани когнитивни промени и деменција. Обуката ја реализираше специјалист по медицинска психологија Светлана Илоски, а 3 психолози од Црвениот крст имаа можност да ги продлабочат своите знаења за видови на деменција, нејзините фази, протективни и ризик фактори, како и методи за дијагностика и процес на тестирање. Оваа активност ги зајакна капацитетите на психолозите кои понатаму ќе помогнат во детектирање на знаците на деменцијата при работа со корисници од сервисите на Црвениот крст.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.