Обука за 26 волонтери на Црвен крст
Обучени тренери од Црвен крст на РМ- Црвен крст на град Скопје, на 17 и 18.02 реализираа обука за моделот на врсничка едукација и потребните вештини кои треба да ги има секој врснички едукатор, за 26 волонтери од ЦК на град Скопје и општинските организации на територија на град Скопје. Во втората фаза од оваа обука, волонтерите ќе бидат поделени според полето на интерес кое претходно го одбрале (ХИВ/СИДА или Трговија со луѓе), и ќе добијат продлабочени знаења од конкретната област.
По завршување на втората обука, обучените едукатори ќе спроведат едукативни работилници во 10 училишни клубови на Црвен крст (на македонски, албански и ромски јазик), преку кои ќе се опфатат повеќе од 600 ученици за двете теми.
Активноста е во рамки на проектот „Училишни клубови за едукација и превенција на Црвен крст“ поддржан од град Скопје.