Обука со корисниците на Пункт за бездомници
Во рамки на активностите во Пунктот за бездомници на Црвен крст Скопје, во Тренинг центарот „Солферино“ одржана беше обука за т.н. „меки вештини“ со вкупно 17 учесници – корисници на услугите.
Преку интерактивни вежби, водени од фасцилитатори и културни медијатори, учесниците имаа можност да работат на:
- ✅ Самопознавање и градење самодоверба;
- ✅ Препознавање и здраво изразување емоции;
- ✅ Развивање на лични и социјални вештини;
- ✅ Справување со дискриминација и управување со време;
- ✅ Подобра самопромоција при вработување.
Посебна дискусија се водеше и на тема: „Постои ли ефективна институционална поддршка за реинтеграција на бездомници во Северна Македонија?“ – каде учесниците ги споделија своите лични искуства и предизвици. Обуката заврши со изработка на Индивидуален план за развој и вработување за секој учесник.
Оваа активност претставува важен чекор кон зајакнување на личните капацитети и успешна социјална реинтеграција на лицата без дом и истата е во рамки на проектот „Засилување на здравјето, пристапот, учеството и социјалната еднаквост во земјите на Западен Балкан“ финансиран од Австриското Федерално Министерство за Труд, Социјални работи, Здравство, Грижа и Заштита на потрошувачите и Австриски ЦК.