2020-02-26
Обука Попова Шапка
Тимот за спасување на планина на 24.02.2020 одржа обука за спасување во зимски услови на Попова Шапка. Обуката се состоеше од запознавање со основите на техниката на движење во зимски услови, тактиката за потрага и спасување на лица загрозени од лавини, процедурите при употребата на тимовите за брз одговор укажување на прва медицинска помош, згрижување на повредените и санирање на последиците.
Фокусот на вежбата е насочен надградување на човечкиот потенцијал во Тимот со цел навремено дејствување заради спасување на човечките животи и материјалните добра.