2024-07-29
Обука по ПП за најмладите
На 09 јули, Центарот за обука по Прва помош при Црвениот крст на град Скопје беше посетен од страна на школата за странски јазици „ЕУРОКИДС“.
Присутни беа вкупно 20 дечиња придружени од две наставнички, на кои им се одржи кратка обука за основите за давање на првата помош, соодветно прилагодена за возраста на присутните.
Со оваа активност, Центарот за обука по Прва помош се залага за подигање на јавната свест кај најмладата популација за важноста на првата помош која спасува живот.