2023-01-20
Обезбедување на Водици во Скопје
Со повеќе од 40 волонтери и професионалци, Црвен крст на град Скопје даде поддршка во медицинското обезбедување на верниците за празникот Водици во Скопје.
И оваа година искусни волонтери, лекари и парамедици пружија неколку интервенции по прва помош за верниците кои скока по крстот.
Беа вклучени Тим за безбедност на планина, Центар за безбедност на вода, Тим за Прва Помош, Тим за логистика, Тим за одговор при катастрофи!
Заедно можеме повеќе.