ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ 2019
Традиционално, Црвен крст на град Скопје и оваа година даде логистичка и медицинска поддршка во обезбедувањето на верскиот настан Богојавление Водици. Настанот се одржа на р. Вардар, под мостот Слобода и на истиот зедоа учество 140 верници.
Имајќи ги предвид ниските температури и непредливото ниво на вода на р.Вардар, оваа година, успешното и безбедно одвивање на настанот беше предизвик како за екипите на Црвениот крст така и за другите чинители.
За безбедноста на учесниците во вода беа задолжени 40 волонтери и вработени на ЦКГС, екипи на Центарот за безбедност на вода кои заедно со Тимот за спасување на планина поставија систем јажиња и спасителен чамец со спасители во неопрени кои беа подготвени да вадат потенцијални давеници од ладните води на Вардар.
Екипите на Тимот за одговор при катастрофи поставија и тријажни центри и пружија поддршка на спасителите од брегот. На настанот, беа евидентирани 10 интервенции кои за среќа беа успешно санирани.