Пребарувај по датум:
2016-01-21

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ 2016

Традиционално Црвениот крст и ова година се вклучи  давање поддршка во организација на верскиот настан Богојавление Водици.Централниот настанот се оддржа на мостот Слобода  на која  учество зедоа околу 90 верници.

Имајки предвид ниските температури  и непредливото ниво на вода на р.Вардар ова година беше предизвик  за успешно и безбедно одвивање на настанот како за екипите на Црвениот крст така и за другите чинители.

Црвениот крст на град  Скопје  ова година учествуваше со  60 волонтери и вработени на ЦКГС. Од страна на нашите екипи беа покриени сите критични точки кои претходните години беа евидентирани .

За безбедноста на учесниците  во вода беа задолжени екипи на Центарот за безбедност на вода  кои заедно со  Тимот за спасување на планина  поставија систем јажиња  и спасителен чамец  со спасители во неопрени кои беа подготвени да вадат потенцијални давеници од ладните води на  Вардар.

Екипите на Тимот за одговор при катастрофи  дадоа логистичка и медицинска поддршка на настанот преку поставување на тријажни центри  и поддршка на спасителите од брег.

Медицинските екипи имаат интервенирано кај 2 учесници.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.