Пребарувај по датум:
2015-01-20

Обезбедување на настанот Водици

Традиционално,  по повод христијанскиот празник Богојавление Водици на ден 19.01.2015 година.

Црвениот крст на град Скопје со Единицата за одговор при катастрофи беше дел од манифестацијата со цел грижа за безбедноста на 127-те капачите кои влегуваат во водите на р. Вардар по светиот крст.
На настанот ангажирани беа околу 60-тина волонтери распоредени во четири тима и тоа: Центар за безбедност на вода , Тим за одговор при катастрофи, Тим за спасување на планина и Тим на професионални доктори. Настанот помина во најдобар ред со неколку повреди кои беа успешно санирани и згрижени во шаторите за Прва помош од страна на Тимот од доктори и прва помош екипите на Тимот за одговор при катастрофи,  со што повторно Црвениот крст на град Скопје максимално професионално си ја заврши својата одговорност и обврска.
Целиот процес на дејствување на Единицата за одговор при катастрофи се состоеше од претходни подготовки, координативни состаноци, проценки на терен, дејствување за време на манифестацијата и секако расчистување на теренот по завршување на истата.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.