Пребарувај по датум:
2015-12-24

Новогодишни пакети за бездомниците

Традиционално по повод Новогодишните празници Градоначалникот на градот Скопје г. Коце Трајановски го посети Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје и на 50 бездомници им додели новогодишни пакети со топла облека.

Овогодишната донација е поддржана и од Ротари клубот.

Во пунктот, секој петок и понеделник бездомниците добиваат чиста облека, хигиенски услуги, берберски ускуги, храна, преглед од лекар и бесплатни лекови. Со нив работи и социјален работник со цел нивна реинтеграција.

Пунктот во текот на целата година е поддржан од Градот Скопје, А.Д. Алкалоид, Сава Осигурување, НЛБ нов пензиски фонд, Промес, Меѓународно училиште НОВA, Неуромедика многу други граѓани.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.