Пребарувај по датум:
2022-12-29

Новогодишни хуманитарни пакети со топла облека за бездомниците

По повод новогодишните и божиќните празници во Пунктот за бездомници при Црвен крст во Момин Поток, традиционално се подели богат празничен ручек и хуманитарни пакети со топла облека за 170 бездомни лица кои редовно го посетуваат пунктот.

Пунктот за бездомници, кој функционира веќе 14-та година, нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и целта е да им се овозможи на овие лица да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Пунктот е финансиски поддржан од Градот Скопје, повеќе компании и граѓани.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.