НОВОГОДИШНА ВОЛШЕБНА ЕЛКА НА ЖЕЛБИ 2
Водени од идејата дека секој човек, особено дете треба да се чувствува убаво и среќно за време на новогодишните празници Рамстор Малл Црвен крст на град Скопје и ЈУ МеѓуопШтински центар за социјална работа Скопје со поддршка на учениците од Американски училишта НОВА и децата бегалци од Едукативниот центар за образование и поддршка на бегалците по втор пат ќе организираат Новогодишен настан за 65 деца сместени во згрижувачки семејства на територија на град Скопје.
Новата година е период од годината кога особено малите веруваат дека нивните желби можат да се остварат, а хуманите граѓани се токму оние кои ќе помогнат во оставрување на детските соништа и желби . Во периодот од 11-27.12.2010 година, сите хумани граѓани од нашиот град ќе може да ја посетат Новогодишната волшебна елка на желби во ТЦ Рамстор, да одберат и остварат новогодишна желба на некое од децата.
Волонтерите на Црвениот крст и волонтери ученици од НОВА Ќе бидат покрај Новогодишната елка секој ден од 12:00 до 20:00 часот. Доделувањето на подароците Ќе биде на 30.12.2010 година во просториите на ТЦ Рамстор.
Како дел од оваа активност, во маркетот Рамстор секој купувач може да купи производ плус и да го стави во голема кутија за донации, наменски изработена за акцијата. Од собраните продукти ќе се изработат пакетчиња за Дневниот центар за деца со церебрална парализа Капиштец.