НОВО ИСКУСТВО ЗА ВОЛОНТЕРИТЕ ОД ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Оваа година, во периодот од 22-28.08.2014, за прв пат волонтерите на Црвен крст на град Скопје од Македонија земаа учество на работилница за анимиран филм во Врање, Србија.
Потребата за помош на ранливото населние, а со тоа и привлекување нови волонтери јавува потреба за користење на нови техники за промоција на организацијата и активностите. Преку оваа работилница младите имаа можност да совладаат различни техники за анимација, нивната креативност беше поттикната и се остави простор за лична надоградба и унапредување на тимските и комуникациски вештини. На работилницата беа изработени 3 анимирани филмови, а убавината во изработката на анимиран филм е во потребата од тимска соработка и градење на меѓусебна доверба со оние со кои се изработува истиот. Волонтерите по завршувањето на оваа работилница ќе имаат за задача да изработат анимиран филм за потребите на Црвен крст на град Скопје. Секако, оваа работилница најавува идна соработка помеѓу двете институции, Школа за Анимиран Филм, Врање и Црвен крст на град Скопје. Покрај учесниците од Македонија, учество земаа млади од Србија, Израел, Америка, Италија, Бугарија и Косово, а ментори на работилницата беа познати од анимтари од целиот свет како Гери Швартс(соработник на Дизни), Пенчо Кунчев(претседател на светска организација на аниматори), Анџело Армиеро итн.