Нови стратешки насоки и признанија за хуманоста
На 10 декември се одржа седница на Собранието на Црвен крст на град Скопје, на која беше усвоена Програмата за работа – стратешки документ што претставува основа за нашето делување во претстојниот период – како и Финансискиот план за работа за 2026 година.
Во рамки на Собранието беа доделени Благодарници за поединци и институции кои во 2025 година дадоа значаен придонес во промоцијата и унапредувањето на крводарителството на територијата на град Скопје. Наградени беа:
Тони Трајковски – крводарител со најголем број евидентирани крводарувања (101 крводарувањe)
Виолета Гиноска – крводарителка со најмногу евидентирани крводарувања (45 крводарувања)
Марко Дабески – најдобар млад крводарител (15 крводарувања до 23 годишна возраст)
Тигран Кандикјан, вработен во Халкбанк АД Скопје – за особен придонес во промоција и унапредување на крводарителството
ООУ „Марко Цепенков“ – образовна институција со најдобри резултати на полето крводарителство за 2025 г.
Центар за обука при МВР – Идризово – за постигнати особени резултати на полето крводарителство за 2025 г.
Task Force – работна средина со постигнати особени резултати на полето крводарителство за 2025 г.
Црвен крст на РСМ – ОО Карпош – за успешна реализација на годишниот план за крводарување.
Исто така благодарници за својот волонтерски придонес за 2025 година добија Марија Јаковческа и Катерина Стојкова како и компанијата Нелт ст Дооел за нивната несебична поддршка на Црвениот крст.
Честитки до сите добитници и благодарност за нивната несебична поддршка. Заедно продолжуваме да ја развиваме и унапредуваме хуманоста во нашиот град.
