Пребарувај по датум:
2008-11-28

Нови канцеларии на Црвен крст

Црвен крст на Општинска Организација Чаир и Црвен крст на Општинска Организација на Гази баба во употреба ги пуштија новите простории за работа.

Истите се добиени во соработка со локална самоуправа со што Црвениот крст е препознаен од страна на локалната власт како организација која треба да биде блиску до населението како би можел да одговори на потребите. Новата адреса на Општинската Организација на Црвен крст Чаир е: ул Павле Илиќ б.б, Чаир и тел: 02/2621-924 Новата адреса на Општинската Организација на Црвен крст Гази баба е: ул. Антон Попов бр. 26, нас.Ченто и тел: 02/2529-153

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.