Пребарувај по датум:
2020-02-04

Нов коронавирус ( nCoV)

Вовед

На 31 декември 2019 година, СЗО доби информација за изолирани случаи на пневмонија од непознат причинител детектирани во градот Вухан,  Хубеи провинција во Кина. Овие изолирани случаи на пневмонија подоцна беа детектирани како инфекција од нов коронавирус (nCOV). До 22 Јануари, беа потврдени повеќе од 400 случаи на лица инфицирани со коронавирусот , меѓу кои и здравствени работници во Кина, Јужна Кореја, Тајланд и САД.

Иако овој вирус е за прв пат идентификуван во оваа епидемија, информациите  за останатите коронавируси,  и слични епидемии може да се користат како насоки за понатамошно планирање. Кога ќе бидат достапни нови информации во врска со новиот коронавирус, насоките ќе бидат обновени.

Што е коронавирус?

Пред оваа епидемија, беа познати 6 типови на коронавируси кои предизвикуваат инфекции кај луѓето, но има многу повеќе типови на коронавируси кои предизвикуваат инфекции кај животните. Постои веројатност дека новиот коронавирус има потекло од животните, пред да се пренесе кај луѓето. Оригиналниот извор на овој вкрстен однос на пренесување на инфекцијата сеуште не е точно дефиниран.

Некои видови на коронавирусот се поврзани со епидемии на сериозни заболувања како што е појавата на Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС) и Средено Источен Респираторен Синдром (СИРС), но дел од нив предизвикуваат вообичаени и лесни  инфекциина на горниот респираторен  тракт. Се верува дека најголем дел од  вообичаените настинки и грип кај децата и возрасните е предизвикана од коронавирус.

Не сите луѓе кои се инфицирани со коронавирусот развиваат симптоми или сериозна болест. Сеуште не е најдена вакцина за превенција на новиот коронавирус. Препорачана е симптоматска терапија на инфицираните лица кај кој се пројавени симптомите, антивирусна терапија сеуште не е достапна.

Достапен е лабораториски тест со кој се потврдува дали некое лице е инфицирано со коронавирусот.

Kако се пренесува?

Потврдена е трансмисија на новиот коронавирус преку луѓе, што значи дека животните како домаќин не се повеќе потребни за пренос на болеста,  вирусот може да се пренесе и од човек на човек.

Точниот начин на трасмисија сеуште не е познат. Други типови на коронавирус кои се пренесуваат од човек на човек вообичаено се пренесуваат преку капки од плунка или други телесни течности, кои може да го содржат вирусот. Предходни епидемии на коронавирусот, вклучувајќи ги Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС) и Средено Источен Респираторен Синдром (СИРС), двате најопасни епидемии до сега, првенствено се шират преку контак и капки.

Вообичаено, коронавирусот се пренесува преку:

  • Контакт со капки кои се создаваат кога заболениот кашла или кива, со што капките од плунка или останати телесни течности кои го содржат во себе вирусот се пренесуваат на други луѓе или предмети;
  • Близок личен контакт, како на пример, допираење, ракување и сексуален контакт;
  • Допирање на предмет или површина на кои вирусот е пренесен, како на пример, квака од врата, лични предмети и потоа допир на уста, очи или нос, без предходно да се измијат рацете со сапун;
  • Некои коронавируси, како на пример САРС – КоВ, може да се најде во фецесот и урината на лицата инфицирани со вирусот, и може да се пренесе при допир на овие течности.

 

Во овој момент не се знае точно, дали сите горе набројани причини овозможуваат пренесување на новиот коронавирус, или може да се пренесе и на некој нов начин.

Некои коронавируси може да живеат и по неколку дена на површини и фецес. Тие лесно и брзо може да се  се уништат со обичен дезинфициенс, вклучувајќи варикина и алкохол.

Не е познато и дали може да се пренесе инфекцијата од лица кои сеуште немаат развиено симтоми од болеста

Симптоми

Повеќето луѓе во еден период од животот се имаат здобиено со инфекција од коронавирус, која траела кратко и притоа немале развиено некоја тешка симптоматологија како на пример, грозница, кашлање, глад за воздух итн. Хуманиот корорнавирус  може понекогаш да предизвика заболување и на долниот респираторент тракт како на пример, бронхит или пневмонија. Оваа појава е повеќе вообичаена кај лица со срцево – белодробни заболувања, лица со слаб имунитет, новороденчиња и стари лица. Покрај пневмонијата и тешките акутни респираторни инфекции, при тешки состојби на овој вирус може да дојде и до престанок на работата на бубрезите или смрт.

Лицата кои веќе боледуваат од некоја друга болест, имаат компромитиран имунолошки систем или други респираторни инфекции претставуваат ризична група кои можат да развијат сериозна болест при инфицирање со коронавирусот. Лицата со компромитиран имунолошки систем може да развијат поинакви, но и повеќе симптоми од лицата со добар имунитет

Времето на инкубација не е сеуште точно познато, но е проценето дека се движи од 0 -14 дена, со симптоми кои трааат од 1-15 дена, средна вредност 12 дена. Почетокот на болеста кај пациентите кои биле тешко болни или починале била со средно тешка симптоматологија и потоа во период од 5-7 дена се влошила.

Од  првите 278 лабораториски потврдени случаи на новиот коронавирус, 2 % од нив имаат починато, 4 % биле во критична состојба и 18% развиле сериозно заболување.

Како да се превенира

Мерките за превенција од новиот коронавирус се слични со мерките за превенција на останатите вируси кои се пренесуваат преку контакт или капки, редовно и правилно миење на рацете со сапун и при кашлање и кивање задолжително покривање на устата и носот. Избегнување на близок контакт со лица кои покажуваат симптоми на респираторна инфекција, како кашлање и кивање.

За лицата кои се грижат за членови од фамилијата во домашни услови кои имаат лесна респираторна инфекција, употребата на хируршки маски уште од почетокот на болеста па се до излекување, редовно и правилно миење на рацете, ја намалува можноста и тие самите да се инфицираат. Од предходните епидемии на болести поврзани со коронавирусот, како на пример 2003 год. епидемија на САРС, постојана апликација на антимикробни средстава за заштита од пренесување на инфекцијата преку допир и капки, биле доволни за превенирање од пренесување на болеста од заболените на своите негуватели.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.