Нов ЦКА-ПХВ циклус
Оваа година ЦКА-ПХВ повторно ја шири својата мрежа низ сите ООЦК мобилизирајки ги младите луѓе и правејки ги свесни за моќта која ја имаат во креирањето на позитивни промени во заедниците во кои што живеат.
После десет години развивање, моделирање и усовршување, и оваа година програмата се реализира по единствена унифицирана обука во сите Општински Организации на Црвен крст. На тој начин сите учесници вклучени во овој ЦКА-ПХВ циклус, на број 1200 младинци, добиваат иста унифицирана обука, дисеминација, препознавање на потребите на заедницата, лоцирање на проблемот, кој се може да биде целна група, што е тоа цел, како да се направи проект и како истиот да се документира.
Целта на секоја сесија во оваа обука е различна, но генерално се спојуваат во неколку: Охрабрување на младите луѓе почесто и посмело да им пристапуваат на проблемите, промовирање на активизам, почитување на туѓите култури, како и создавање на нов дисеминациско- комуникациски модел за работа со млади.
Очекуваме голем број на проекти…
И да не заборавиме…. заедно може светот да го направиме подобро место за живеење.