Пребарувај по датум:
2011-10-20

Нов циклус на ЦКА ПХВ програмата

Со почетокот на учебната година започнува и новиот циклус на ЦКА ПХВ програмата, 2011-2012.

Програмата, какао алатка за регрутирање и задржување на волонтери во редовите на организацијата предвидува циклус на активности кој завршува со продолжување на членувањето на младите во клубовите на Црвените крстови, во општините каде се спроведува обуката.
Досега е направена презентација на секретарите на сите Општински организации со цел подобра инфомираност и подршка од страна на одговорните, обука за дисеминаторите на ниво на општинска организација, истите кои треба да го спреведат првиот дел од обуката, т.е. дисеминацијата.
По завршување на вториот дел од обуката, кој вклучува обука за изработка и документирање на мали проекти, младите од цела Македонија, приближно 1200, ќе имаат време од три месеци да изработуваат мали проекти под мото Препознавање на различностите.
Се надеваме дека и оваа година ќе бидат доволно мотивирани, креативни, дека со заедничка работа, труд и себевложување ќе успат да сменат нечији жевоти макар на еден ден, месец, година или пак засекогаш.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.