2025-11-10
Ноември – Месец на машкото здравје
По повод одбележувањето на Месецот на машкото здравје, корисниците на социјалната услуга „Дневен престој за стари лица за активно стареење“ на 7 ноември присуствуваа на едукативна средба со Д-р Стефан Мишевски.
На средбата беа споделени стручни информации и практични совети за одржување и унапредување на машкото здравје, со посебен акцент на значењето на редовните лекарски контроли и превентивните прегледи.
Активноста имаше за цел да ја подигне свеста кај повозрасните мажи за важноста на грижата за сопственото здравје и навременото откривање на можни здравствени проблеми.
