Пребарувај по датум:
2022-05-19

НЛБ Банка донираше суплементи за старите лица

Во рамки на кампањата „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, НЛБ банка обезбеди  витамини, минерали, препрати против остеопороза и други неопходни додатоци на исхраната наменети за унапредување на здравјето на лицата во третото животно доба.

Донираните суплементи се предадени во социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ на Црвен крст на град Скопје, кој обезбедува грижа и здравствена заштита за повеќе од 1000 лица на месечна основа кои ги користат услугите во дневните центри за стари лица, како и за повеќе од 200 стари и изнемоштени лица во домашни услови, каде што поделени се повеќе од 700 суплементи.

Пандемија на Ковид-19 покажа дека токму старите лица се најранлива целна група на која им е неопходно постојана и засилена поддршка која ќе придонесе за подобрување на нивната здравствена состојба. Оваа донација од НЛБ Банка во форма на неопходни медицински додатоци доаѓа во вистинско време и претставува силна поткрепа на здравјето на овие членови на нашата заедница, за што ние и сите корисниците од социјалниот сервис сме многу благодарни.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.