2024-02-29
Недела за борба против срцево садови заболувања
Во рамки на “Недела за борба против срцево садови заболувања”, медицинскиот тим на Хуманитарно Сервисната Точка во с. Лојане, за вработениот наставен кадар од подрачното ООУ „Рилиндја” во с. Ваксинце, одржа едукативна сесија со цел подигнување на свеста за овој вид заболувања, не само кај постарата, туку и кај помладата популација.
Спроведување на традиционалните активности во рамки на здравствено – превентивната дејност претставува една од клучните определби на мобилните тимови со цел градење на доверба и јакнење на локалниот контекст во услови на мешан миграциски бран.