Пребарувај по датум:
2017-09-27

Недела на Промоција на хумани вредности 21 до 27 септември

Недела на Промоција на хумани вредности 21 до 27 септември

ПХВ неделата со одлука на ИО на ЦКРМ се одбележува од 2012 година и тоа од 21 до 27 септември и е дел од традиционалниот календар на Црвен крст на РМ. Целта на неделата е промоција на мирот и соживотот но и активирање на младите во летниот период (ако знаеме дека подготовките за неделата треа и по 2 месеци), локална промоција на клубовите на млади во секој град, промоција на Национално ниво како и промена на дневна рутина на младите. Низ годините одбележувањето изгледаше вака:

– 2012 година – драма “Погодете кој доаѓа на вечера”

– 2013 година – ТВ Шоу со краток ПХВ филм, со презентирање на локална музика и танци

– 2014 година – Заедничко танцување познато како flash mob на музичката нумера Happy

– 2015 година – Поетски читања на различити јазици кои се користат во нашата земја

– 2016 година Театарска претстава “Приказна за една идеја” (животот и делото на А. Динан)

Некаде околу 900 младинци секоја година се анимираат, а некаде околу 6.000 луѓе ги проследуваат настаните на национално ниво.

Како дел на активноста за 2017 година низ градовите беше објавен конкурс за краток расказ и фотографија на тема „Промоција на различности“ која имаше за цел да ја пренесе пораката на различноста во градот од каде доаѓа оној кој го пишува расказот или ја прави фотографијата. На секој централен настан ќе бидат прочитани најдобри раскази и ќе бидат прикажани најдобри фотографии. За освоено прво место за фотографија и расказ на национално ниво, следува награда – викенд престој во Струга за цело семејство. На самиот настан ќе бидат изведени од три до пет реклами за Црвен крст подготвени од страна на младинците со јасна порака на промоција на различности, промоција на мирот и толеранцијата како и промоција на вредности на Црвениот крст. Централно место ќе го завзвеме прикажувањето на пантомима изведба на тема Култура. Пантомимичарите ќе бидат облечени во црвено бела боја со знаци на лицето. Младите ќе имаат слобода да ја презентираат културата на свој начин. На крај на настанот предвидено е свечено да им се доделат дипломите на младинците кои оваа година ги сработиле малите ПХВ проекти. На тој начин ќе го уважиме нивниот труд, а и ќе ги мотивираме да продолжат да волонтираат во редовите на организацијата.

Ова година се изработени 173 мали проекти од страна на 1157 младинци преку кои се вложени 32.490 волонтерки часа.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.