Недела на грижа за стари лица – Централен настан во Веро Центар
По повод „Недела на грижа за стари лица” социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” на ден 19.11 (сабота) како централен настан се одбележа во просториите на Веро Центар.
Во рамките на централниот настан се реализираше практично вежбање на Чиконг вежби, креативна работилица и сликарска работилница како и хуманитарен базар со продажба на сработените дела од работилниците каде што средствата беа пренаменети за социјално ранливи стари лица. Со овие активности на граѓаните им се промовираше какви активности се имплементираат во дневните центри односно што претставува активно и здраво стареење и дека тие се волонтери во нашата организација.
Социјалнито сервис во континуитет продолжува со промовирање на активности за здраво стареење, задоволување на здравтвени и социјални потреби на старите лица како и промовирање на активно стареење и активен пристам кон живото во староста.