Недела на грижа за стари лица
Црвен крст на град Скопје и оваа година ја одбележа „Неделата на грижа за стари лица“, реализирајќи бројни активности преку социјалниот сервис „Дневен престој за стари лица за активно стареење“.
Во текот на неделата се спроведоа следните активности:
• 👵👴 Предавање на тема: „Правата од социјална заштита за стари лица“
• 🤝 Посета и дружење со корисниците од домашна посета и со корисниците од дневниот центар во Сарај
• 🎨 Хуманитарна изложба во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, со дела изработени од корисниците на сликарските работилници
• 🎶 EX YU забава на која лицата од третото доба уживаа во незаборавни музички хитови
• 🍁 Хуманитарен есенски базар во Веро Џамбо со рачни изработки од креативните работилници
• 🚒 Посета на Противпожарната станица Скопје – Автокоманда, каде корисниците ја запознаа нивната професија одблизу, а како знак на благодарност подготвија топол оброк
• 🖼️ Посета на изложбата „Мементо“ – иницијатива за добрососедство и меѓусебна почит
• 🩺 Информативни пунктови со бесплатно мерење крвен притисок и гликемија, реализирани на три локации во Скопје: Зелен пазар, Буњаковец и ТЦ Бисер
• 🏠 Посета на пет домаќинства во кои живеат стари и изнемоштени лица, од страна на доктор при Хуманитарно-сервисната точка во с. Лојане
✨ Во рамки на неделата беа опфатени околу 800 лица од третото доба.
Главната цел е промоција на активно и здраво стареење, унапредување на квалитетот на живот и подобрување на здравствената и психофизичката состојба кај старите лица.
