Пребарувај по датум:
2019-03-03

Недела на борба против срцево – садови заболувања

Црвен крст на град Скопје во соработка со Специјалната болница Жан Митрев со низа активности ја одбележа неделата на борба против срцево садови заболувања.
Се реализираше работилница за родителите на децата кои го посетуваат центарот за церебрална парализа на тема “Грижи се за своето срце”. Се организираше и посета во болницата за волонтерите на Црвен крст на град Скопје како и посета во Музеј на илузии заедно со децата кои имаат направено интервенција во болницата а кои беа дел и од летниот камп “Моето срце во сите бои”. 
Во рамките на неделата во ОУ Рилиндија-Рудник Лојане се оддржа предавање на тема “Срцево садови заболувања – фактори, ризици и превентива”. На предавањето беа присутни професорите, а истото имаше за цел едукација, запознавање со фактори на ризик и превенирање на овие болести.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.