Пребарувај по датум:
2025-01-28

Национална работилница за предизвици во миграции и процес на интеграција

Црвениот крст на град Скопје на 21.01.2025 реализираше ,,Национална работилница за предизвици во миграции и процес на интеграција’’. Учество земаа 18 претставници од 7 организации и институции кои работат во областа на интеграциja и миграции во нашата земја. Работилницата имаше за цел да развие различен пристап во обработка на предизвиците и тоа со употреба на социометриски алатки преку кои би дошле до иновативни пристапи во детектирањето и справување со предизвиците. За време на работилницата беше разработена пирамидата на потребите според Маслов, учесниците учествуваа во вежба со промена на улоги и заеднички ги исцрпија предизвиците и препораките во полето на миграции и процес на интеграција. Благодарност за одѕивот и придонесот на работилницата до претставниците од Центарот за социјална работа, Министерството за социјална политика, демографија и млади, УНХЦР, Македонски Каритас, Језуитска служба за бегалци, ИОМ, Црвениот крст и фасилитаторот од Комората на Психолози- Мирјана Јовановска Стојановска.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.