2025-06-03
Натпревар по прва помош за подмладокот во град Скопје
Црвен крст на град Скопје и оваа година го организираше традиционалниот градски натпревар по Прва помош за победничките екипи на општинските натпревари во категорија подмладок (ученици од основни училишта на територија на град Скопје). Натпреварот се одржа на 02 јуни на Средно Водно-во објектот Даре Бомбол под мотото „Првата помош спасува живот“.
Учество земаа вкупно 14 екипи. Првото место го освои екипата од ООУ “Наум Наумовски Борче” од ООЦК Гази Баба, второто место го освои екипата од ООУ “Исмаил Ќемали” од ООЦК Чаир и третото место го освои екипата од ООУ “Александар Урдаревски” од ООЦК Чаир.
Честитки за сите екипи кои учествуваа на натперварот.