Пребарувај по датум:
2024-06-13

Натпревар по Прва помош

На 13 јуни на Водно во Скопје се оддржа Градскиот натпревар по Прва помош. 14-те најдобри екипи од 5-те Општински организации на Црвен крст Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Чаир и Карпош земаа учество. За време на натпреварот младите се стекнаа и со основни знаења по дисеминација на Црвениот крст.

Првото место на натпреварот освоија ученици од ООУ “Исмаил Ќемали” од ООЦК Чаир, второ место освоија ученици од ООУ “ Кирил и Методи” од ООЦК Чаир и трето место освоија ученици од ООУ ”Наум Наумовски Борче” од ООЦК Гази Баба.

Честитки за победниците и сите учесници. Голема благодарност за сите судии, манекени, шминкери, ментори, водичи и демонстратори.

Нацремено и адекватно пружената прва помош значи спасен живот. Во оваа насока се важни едукациите по прва помош за учениците од средните и основни училишта како и за целокупниот наставен кадар во училиштата, кои ќе можат на своите соученици во случај на итност да им дадат прва помош.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.