Натпревар по прва помош
Во рамките на програмата за подигање на свеста за значењето на првата помош и регрутирање на млади волонтери на Црвениот крст на 09.06.2010 година на платото пред спомен куката на мајка Тереза се одржа градскиот натпревар по прва помош за екипите на подмладокот на Црвениот крст на ниво на Скопје под мотото ПРВАТА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТ.
Пред една недела завршија општинските натпревари во 5 региони на Скопје и најдобрите три екипи од секој регион вкупно 15 ( секоја екипа има по 6 членови )или вкупно 90 млади луге се натпреваруваат на ниво на град Скопје. Оваа година ревијално настапи и екипа која ке ја преставува нашата земја на Европското првенство по прва помош во Белград Србија од 8 до 11 Јули 2010 година.
За прв пат настапи и екипа на млади луге кои се баратели на азил во РМ со што Црвниот крст уште еднаш покажува дека се грижи за интеграција и социјализација на сите ранливи групи кои живеаат во Македонија.
На самиот натпревар вкупно имаше 5 бази и тоа три работни каде се згрижуваат повредени (крварење , топлотен удар, скршеници, повреди во сообракајни несреки, удар од еелектрична струја, труење со храна,) најчестите повреди кои ни се случуваат во секојдневието.Останатите две бази се бази за релаксација повторно поврзани со Црвениот крст како и преставување на нашите активности со пантомима.
Прво пласирана екипа од ОУ Партение Заографски од Црвен крст Кисела вода доби заслужен 5 дневен одмор во нашиот центар во Струга. За сите останати екипи следуваа награди, книги за училишни библиотеки од нашиот поддржувач издавачка куќа Икона.
Во рамките на соработка со корпоративниот сектор на ХЅНДАИ Кореа Ауто трејд се додели Јубилеен знак 65 години ЦК на град Скопје. Истиот знак добија и 5-те општински организации на територија на град Скопје.
Подржувач на овој натпревар е ГОРСКА ВОДА.