2022-01-04
Насмевки и подароци за лицата во трето доба
Во рамките на проектот “Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст нс град Скопје по повод престојните Новогодишни празници на ден 30.12.2021 се подарија 60 пакетчиња на штитениците на ЈЗУ Специјализирана болница за гериатрија и палијативна медицина “13 НОЕМВРИ” – Одделение “МАЈКА ТЕРЕЗА” – Злокуќани. Поради состојба со пандемијата пакетчињата беа поделeни во дворот на домот со цел да ги заштитиме штитениците и со желба другата година да можеме заеднички да се дружиме и соработуваме во полно здравје.