Пребарувај по датум:
2011-06-12

Најмалите учеа за работата на Црвениот Крст

Во периодот од 18 – 23 мај во основното училиште Мирче Ацев се оддржаа четири дисеминациски обуки прилагодени за учениците од прво одделение.

Вкупно 96 ученици добија знаења за работата на Црвениот Крст, за основите и зачетоците на идејата за Црвениот Крст.
Сите четири обуки поминаа проследени со исклучително внимание од страна на учениците кои сега веќе знаат да ги препознаат амблемите на движењето.
Една од активностите која се покажа како осбено ефективна за најмалите беше проекцијата на филмот ,,Приказна за една идеја”.
Структурата на самите дисеминациски обуки и повратната реакција од страна на учениците повторно потсети колку Црвениот крст на град Скопје е подготвен, како логистички така и идејно, со човечки кпацитет да одговори на потребите и околностите при исполнувањето на својата мисија.
Дисеминациските обуки беа причина да се воспостави одлична сорабтока со училиштето која ветува понатамошни заеднички проекти помеѓу училиштето и Црвениот крст на град Скопје.
Основното училиште Мирче Ацев беше одликувано со благодарница за својот придонес во реализацијата на годишниот план за дисемианција на Црвен крст на град Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.