Пребарувај по датум:
2025-05-08

На страната на хуманоста

Црвен крст на град Скопје во соработка со ООЦК Капош и ООЦК Центар под мотото ,,На страната на хуманоста” реализираа заедничка активност во Зоолошка градина – Скопје. Корисниците од дневниот центар за лица со интелектуална попреченост ,, Пролет “, децата сместени во згрижувачки семејства, корсниците од проект ,,Хуманко” како и дечињата од градинката Орце Николов  имаа можност со вовче да ги разгледаат жителите на зоолошката но и со помош на водич  да дознаат нешто повеќе за нив. Се разбира со нив беа волонтерите на Црвен крст со кои во текот на годината реализираат различни активности со акцент на дружење и социјална инклузија. Со многу забава ,насмевки и прегратки го одбележаа 8 Мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Благодарност до Комерцијална банка и до Зоолошка градина кои се наши долгогодишни соработници и поддржувачи.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.