На друга страна на „Центарот“
Елеонора е дел до тимот на Црвен крст на град Скопје, и е одговорна за работењето на Дневниот центар за лица во трето доба. Во изминатите три месеци, како резултат на појава на КОВИД 19, дел од редовните активности на Црвен крст се стопирани. Медицинските сестри се активни на терен и ги посетуваат корисниците во домашни услови, но во Дневниот центар веќе три месеци не доаѓаат корисниците. Инаку, простор кој вообичаено е исполнет со лицата во трето доба, со нивни насмевски, муабети, место во кое се плете, каде се пие чај, каде се вежба чи-кон вежби, каде се црта, учи англиски…е празен. Еленора вели дека многу и недостасуваат корисниците и дека чека кога вратите на Центарот повторно ќе се отворат. Таа секојдневно е во комуникација со нив и преку тимот на медицински сестри им даваат поддршка како полесно би ја надминале ситуацијата. Црвен крст на град Скопје има отворено и три СОС линии за поддршка како на лицата во трето доба така и на сите на кои поддршката им е потребна.