Пребарувај по датум:
2010-03-09

Мојот позитивен пример

Идејата на кампањата Мојот позитивен пример е на одредени датуми во РЗТ медиумски познати личности да бидат „домаќини” на крводарителските акции.

Доколку сакаат и со личен пример да се вклучат како дарители на крв е дополнителен придонес кон кампањата, но крводарителството може да го промовираат и преку дружење со крводарителите на тој ден, потпишување на ЦД-иња, потпишување на картички,  разговор и сл.

На активноста и претходеше и изработка на постер со интересен дизајн, впечатлив слога, а  самата акција е промовирана и преку медиумите и тоа со гостувања на 2 медиуми пред секоја крводарителска акција на која ќе има одредена медиумска личност. До сега домаќини на крводарителските акции беа Индира Кастратовиќ, Благоја Георгиевски -Буштур, Атина Бојаџи и брачниот пар Силви бенд.

Преку оваа кампања уште повеќе сакаме да го промовираме чинот на крводарување со цел зголемување на количините на крв и крвни продукти потребни за функционирање на клиничките центри во нашиот град.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.