Моето ❤ во сите бои
Црвен крст на град Скопје, во соработка со ZAN MITREV Клиника, во периодот од 11-17 јули во х.Солферино- Струга, традиционално го реализира летниот камп за деца со вродени срцеви аномалии (ВСА) ,,Моето срце во сите бои”.
Согласно претходно подготвената програма, сите активности, игри, забава и дружба беа искомбинирани со психолошки, интерактивни и физиотерапевтски вежби со кои се поттикнува физичкиот, емотивен и социјален развој и по напуштањето на болницата.
Волонтерите, во координација со тимот од клиниката кој се состоеше од психолози и физиотерапевти, ги поттикнуваа децата и нивните родители активно да се вклучат во сите предвидени активности. Исто така во текот на кампот имаше предавање за родителите од страна на педијатар како и предавање за здрава исхрана од страна на главната медицинска сестра.
👉Голема благодарност до клиника Жан Митрев и целиот тим за континуираната поддршка која е во насока на поддршка на граѓаните со акцент на здравјето како приоритет на секоја индивидуа како и до ООЦК Охрид чиј претставник/спасител им ги доближи основите на првата помош, но и направи мала симулациска вежба –спасување на давеник, што предизвика голем интерес кај нашите мали херои.