Моето срце во сите бои
Во соработка со ZAN MITREV Клиника, во периодот од 17- 22 јули во х.Солферино, Струга традиционално го реализиравме летниот камп за деца со вродени срцеви аномалии (ВСА) ,,Моето срце во сите бои”.
Согласно претходно подготвената програма, сите активности, игри, забава и дружба беа искомбинирани со психолошки, интерактивни и физиотерапевтски вежби со кои се поттикнува физичкиот, емотивен и социјален развој и по напуштањето на болницата.
Волонтерите на Црвен крст на град Скопје во координација со тимот од клиниката кој се состоеше од психолози и физиотерапевт ги поттикнуваа децата и нивните родители активно да се вклучат во сите предвидени активности.
Во текот на кампот имаше предавање за родителите како и едукативна работилница со децата од страна на Доц. Д-р Тања Анѓушева која покрај корисните совети внимателно одговараше и на сите поставени прашања.
Голема благодарност до клиника Жан Митрев и целиот тим за континуираната поддршка која е во насока на поддршка на граѓаните со акцент на здравјето како приоритет на секоја индивидуа како и ООЦК Охрид кои дадоа поддршка за успешна релизација на еднодневната екскурзија.