Моето срце во сите бои
Црвен крст на град Скопје, во соработка со Жан Митрев Клиника, во периодот од 17-23 јули во х.Солферино,Струга традиционално го реализираа летниот камп за деца со вродени срцеви аномалии (ВСА) ,,Моето срце во сите бои”.
Согласно претходно подготвената програма, сите активности, игри, забава и дружбата беа искомбинирани со психолошки, интерактивни и физиотерапевтски вежби со кои се поттикнува физичкиот, емотивен и социјален развој и по напуштањето на болницата.
Волонтерите на Црвен крст на град Скопје во координација со тимот од клиниката кој се состоеше од физиотерапевт, психотерапевт, лиценциран психолог и семеен и системски советник, ги поттикнуваа децата и нивните родители активно да се вклучат во сите предвидени активности.
Голема благодарност до клиника Жан Митрев и целиот тим за континуираната поддршка која е во насока на поддршка на граѓаните со акцент на здравјето како приоритет на секоја индивидуа како и до Institute.mk за одличната работилница ,,Направи сам” која предизвика голем интерес кај сите учесници.