Моето срце во сите бои
Црвен крст на град Скопје, во соработка со Жан Митрев Клиника, во периодот од 1-7 јули, традиционално го реализираа летниот камп за деца со вродени срцеви аномалии (ВСА) ,,Моето срце во сите бои”. Согласно претходно подготвена програма, се реализираа активности за социјализација и дружење со децата како: утрински детски фитнес со физиотерапевт од клиниката, можност секој да го покаже својот талент, возење на кајак, работилници со психолози реализирани преку игра на кои учествуваа и волонтерите, еднодневна екскурзија во Вевчани како и разни игри кои го задржуваа вниманието на децата и ги поттикнуваа активно да се вклучат во истите. Паралелно се реализираа едукативни работилници посветени на ВСА и нивното влијание врз натамошниот раст и развој на децата, како и групни и индивидуални работилници со доктори и психолозите од психолошката служба во клиниката.
Голема благодарност до Црвен крст Струга кои на децата на забавен начин и преку вежби им ги доближија основите на првата помош.