Пребарувај по датум:
2010-07-16

МОБИЛНИТЕ ТИМОВИТЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА ТЕРЕН

Поради високите температуре, тимовите на Црвениот крст на град Скопје и денеска делеа минерална вода и информативно пропаганден материал како граѓаните да се заштитат од високите температуре. На стари и изнемоштени им е мерен и крвниот притисок.

Во текот на денот се поделени 200 шишиња минерална вода И 500 флаери. Мобилните тимови се движеа низ најфреквентните улици во градот, автобуските станици И пред здравствените организации.

Активноста се реализира во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, а со подршка и финансиска помош на градот Скопје.

Во наредните денови ќе ја следиме состојбата и по потреба мобилните тимови ќе бидат на терен.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.