Пребарувај по датум:
2020-04-27

Мобилни тимови во акција

Преку 5-те Општински организации на Црвен крст кои дејствуваат на територија на главниот град, овозможуваме сервисна услуга за набавка на храна, хигиена и лекови за старите и изнемоштени лица, лица со посебни потреби, самохраните родители, лица во изолација и самоизолација, како и лица кои не можаат да излезаат од дома од некои други причини. Сервисната услуга е бесплатна, а граѓаните одвојуваат финансиски средства за побараните производи.

Од започнување на активноста примени се над 1 700 повици, реализирани се 500  теренски посети за повеќе од 700 корисници во нивните домови. Остварени беа и над 250 јавувања кон нашите оператори на COC линијата. Со поддршка на мобилните тимови беа поделени и 472 бесплатни пакети за социјално загрозени семејства.

„Финансиските средства за реализација на овие активности на Црвениот крст се обезбедени од Фондацијата на Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје.“

Продолжуваме заедно.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.