Пребарувај по датум:
2015-09-06

Мобилни тимови на терен

Црвен крст на град Скопје со поддршка на Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) активно е вклучен во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја.

Црвениот крст на терен е вклучен со 7 мобилни тима кои ги обезбедуваат двата гранични премини, во Гевгелија и во Табановце. Тимовите се составени од лекари и прамедикуси и членови на Црвениот крст кои одлично ја познаваат Првата помош. Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 41, а во целата операција се вклучени и 30 вработени од Црвен крст.

Мобилните тимови се на терен 24 часа во три смени.

Во период од 04-06 септември дистрибуирани се следниве артикли:

Вода 3160 шишиња (1,5 литри)

Храна 466 пакети

87 хигиенски пакети

36 бебешки пакети

279 ќебиња

1696 медицински интервенции

Медицинските интервенции подразбираат санирање на повреди на долни екстермитети (скршеници, набиеници), посекотини, изгоретини, дехидрирани состојби, повраќање и диареа, колапси, настинки кај деца, алергии, поддршка на бремени жени, транспорт до болниците. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.