Мобилни тимови на терен
Црвен крст на град Скопје по препораките на Министерсво за здравство а со финансиска поддршка на градот Скопје беше присутен на терен со своите мобилни тимови со цел помош и поддршка на населението.
На граѓаните им се делени шишиња вода, едукативни фалери со совети како да се заштитаат од топлото време и топлотните бранови и по потреба им е мерен крвниот притисок.
Мобилните тимови беа и се присутни низ најфрекфентните места низ градот, особено на главните улици каде циркулираат автобусите и има автобуски постојки на кои граѓаните го чекаат содветниот превоз. Тимовите се излезени на терен веќе во 11:00 часот додека пак нивното враќање е некаде околу 17:00 часот.
На 18 и 19 август (четврток и петок) на терен беа излезени два мобилна тима со по 3 волонтери, вкупно 6. И двата дена беа поделени по 96 флаши вода (0,5 литри).
На 23 и 24 август (вторник и среда) на терен беа излезени исто два тима, вкупно 6 волонтери и беа поделени по 120 флаши вода, вкупно 240 (0.5 литри).
Во четврток 25 август бројот на тимовите беше покачен, вкупно беа присутни 4 тима со 12 волонтери и беа поделени 46 пакети вода, односно 500 флаши вода.
И денеска 26 август, заради најавените покачени температури сме присутни на терен со 4 тима.
Бесплатната СОС линија за топлотните бранови 02/ 32 21 302 непречено функционира секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот