Младите на Црвениот крст на град Скопје вклучени во одбележувањето на месецот на борба против ракот на дојката
Соработката со организацијата Животна искра и оваа година ја продолжуваме со активности насочени во сферата на превентива и подигање на свеста за канцерот, едно од најраспространетите заболувања на денешницата.
Во активностите на ова поле не случајно се вклучени младите од клубот. Тие се активни промотори на здравјето, здравите животни навики и грижата за унапредување на здравјето без разлика на возраста.
Во рамките на одбележувањето на месецот Октомври – месец на борба против рак на дојка, младите од клубот со поддршка на жените од здружението Животна искра ги посетија пациентките оперирани од оваа болест на клиниките за торакална хирургија и онкологија. Во текот на посетата младите подарија цвет за секоја пациентка во знак на поддршка на нивната борба со оваа болест.
Клубот на млади и во иднина останува отворен за соработка со сите организации како активни промотори на здравјето и грижата за себе на секое поле.