Пребарувај по датум:
2023-07-04

Младински камп

Во период од 24.06-30.06 во х. Солферино, Струга се оддржа летниот камп за активни младинци од Црвен крст на град Скопје и Црвен крст Телемарк, Норвешка. Целта на истиот беше разменување на искуства и идеи, но и зајакнување на капацитетите и дополнителна мотивација.

Деновите беа исполнети со многу забава, дружење, разни игри и едукација, а гостите имаа можност да ги видат и убавините на Струга и Охрид од кои беа посебно восхитени.

Исто така беше организирана и интеркултурна вечер каде беше промовирана културата на двете земји преку добра традиционална храна, песни и танци. Сите учесници со себе си понесоа прекрасни спомени, нови знаења но и многу нови пријателства кои се надеваме дека долго ќе траат.

Кампот е една од многуте активности кои се реализираа во рамки на Твининг програмата со Црвен крст Телемарк, Норвешка.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.