2023-05-02
Меморандум за соработка со Црвен крст Бреша
Од 28 до 30 април бевме домаќини на делегација од Црвен крст Италија-Црвен крст Бреша. Целта на средбата беше потпишување на Меморандум за соработка помеѓу две организации. Истиот е потпишан за период од 3 години и подразбира промовирање на волонтерската работа, зајакнување на меѓусебните капацитети како и размена на искуства и знаења.
За време на посетата, гостите ги видоа центрите на Црвениот крст и се запознаа со активностите кои се реализираат во нив. Посетен беше тренинг центарот Солферино, а организирана беше и посета на градовите Струга и Охрид со што ја промовиравме нашата култура, како и традицијата на градовите и земјата.