Пребарувај по датум:
2013-04-28

Меѓугенерациска поетско-културна манифестација за активен пристап кон животот во трето доба

На 23.04.2013 год., со почеток во 18:00 часот, во ДХО Даре Џамбаз се оддржа „Меѓугенерациска поетско-културна манифестација“.

Со овој хуманитарен настан, се успеа заедно со лицата во трето доба, да се покаже суштинската идеја на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“, односно  промовирањето на радосно, активно, витално и хумано стареење.

Црвен крст на град Скопје, заедно со надворешните соработници и лицата од трето доба, кои беа основниот столб на хуманитарната манифестација, направија хуманитарна манифестација која пренесе порака на почитување и прифаќање на различностите во културите, националностите и  старосните граници.

Ова е уште едно манифестирање на  мудар, активен и достоинствен пристап кон животот. 

Со свои точки настапија, повеќе поетеси, со ора и изворни песни допринос даде секој учесник а помеѓу нив се врбоија волонтерите на Црвен крст кои ја практикуваа меѓугенерациската соработка.

Секој присутен имаше можност да оствари донација, а собраните средства во насока на меѓугенерациската солидарност од манифестацијата ќе бидат употребени за обезбедување храна за еден месец на социјално загрозено лице во трето доба.
  

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.