Медиумска покриеност
Мали проекти изработени во раките на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности се за добробит на заедницата. Тоа се проекти кои во себе носат една особено хумана и благородна суштина
Некои од нив за своја цел имале собирање на парични средства за зпасување на детски живот, за обновување на опожарен дом, за стипендија за понатамошно школување. Тоа беа проекти кои влијаеа квалитативното врз менувањето на нечји живот.
Токму поради сите овие причини седум од овие 116 проекти, кои се издвоиа со својата особено благородна природа, почнувајки од 30 мај па се до 18 јули, ќе бидат презентирани секој петок од осум часот во утринската програма на МТВ1. Ова претставува одлична шанса младите луѓе кои вредно работеле во текот на целиот циклус да го презентираат сето она што успеале да го направат, а воедно да мотивираат ис то е мозно поголем број на млади луѓе да го следат нивниот пример.